„Изолацијата на државата, посебно изолација која што доаѓа од внатре е неприфатлива“ одговори денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарското прашање поврзано со потрагата на власа по двотретинско мнозинство за гласање во Собрание за уставните измени со кои треба да се вметнат Бугарите во Преамбулата.

„Се разговара со секој пратеник заради тоа што сега одговорноста е на пратениците, оние коишто ги претставуваат граѓаните. Мислам дека никој нема право да ја држи во заложништво перспективата на македонските граѓани“, рече Спасовски