Преку 800 стотини лажни дојави за бомби во училиштата и институциите сееја страв кај јавноста со месеци, а Министерството за внатрешни се уште вештачи докази за да открие кој, како и со која цел го плашеше народот, блокираше училишта и институции. Министерот Спасовски тврдо стои на ставот дека дојавите се хибридни закани и дел од хибридната војна, ама така не мисли обвинителот Гаврил бубевски. Тој на денешната конференција за ЕУ во врска со хибридните закани потврди дека според нивните досегашни информации, лажните дојави не се дел од терористички напад. Неофицијално, обвинителството во Скопје и Кавадарци работи на предмети во кои малолетни деца го искористиле периодот на хибридна војна во светот и се шегувале со дојави, па оттаму тие се обвинети за лажно пријавување.
Сепак, според Спасовски на крајот ќе се знаело кој стои зад овие хибридни закани.
ОЈО не ни го преквалификува делото, туку тие ја вршат квалификацијата. Откако ќе завршат сите вештачење тогаш ќе знаеме кој, како и со која цел беа дојавите на бомбите. Јас се уште сметам дека е тероризам, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
Во однос на истрагата за хакираниот систем на Фондот на здравство, Спасовски рече дека е сеуште во тек и нема информации.
И, иако нема никаква разврска, надлежните решија да инвестираат во заштитата од сајбер криминал.
Во таа насока, Министерството за информатичко ошштество е и иницијатор и на формирање нова држабна институција – Агенција за дигитализација.
Според министерот за Азир Алиу планот бил канцеларијата да работи на основа на 4 столба сајбер безбедност, дигитална инфраструктура, обука и софтверски решенија, а законстото решение за истата се пчекува за 6 месеци. Оваа институција ќе била заштитиник на системите на сите државни институции од сајбер напади.