Сината униформа дејствува за зелена околина, објави и денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– 75 реконструирани објекти, 458.330.439 денари инвестирани за енергетска ефикасност, 18.6 милиони денари за промена на стариот начин на греење со нов, 3.5 милиони денари инвестиција во соларни панели, објави министерот Спасовски на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Оваа објава, по „автоматизам“, се објавува и на официјалниот профил на „еколошкото“ МВР на чело со Спасовски. И ако се бројат објавите на Фејсбук, испаѓа дека МВР има повеќе за екологијата отколку ресорното Министерство за животна средина.
Но, во „зелената околина“ од МВР остануваат необјавени резлтати од неколку криминални афери во Македонија во текот на годинава, како што е кражбата во магацинот на МВР во Охрид, кражбата на масло од марихуана во магацин на форма во Круѓевско итн.