Бившиот министер за внатрешни работи, во неколку мандати, и долго време дискретно најавуван како кандоидат за претседател на Република Македонија, денеска ја смени насловната фотографија на својот профил на Фејсбук.
– Нема откажување од иднината, го објави Спасовски слоганот на неговата партија СДСМ, наместо досегашната фотографија на профилот на Фејсбук.
Инаку, Спасовски во изминативе години, имаше активен профил на оваа социјална мрежа, каде што објавуваше за „успеси на МВР“ и промоции на обновени фасади на полициски станици, подновувања на полицајците со чизми и маици, нешто од донации, нешто од буџетот кој го полнат граѓаните.
Но, мандатот од безмалку цела деценија минат на чело на МВР, како министер и технички премиер, Спасовски го заврши неславно, оставајќи зад себе околу 600.000 граѓани на Република Македонија без пасош и можност да излезат од државата, поради обврската во него да ја има придавката „северна“, според Договорот со Грција, што го направи токму партијата на Спасовски.
Но, бившиот министер и денес манифестира оптимизам и не се откажува од „светла иднина“ на Македонија.
(Д. Г.)