Како резултат на превентивните кампањи и засилените акциски контроли постојано имаме намалување на бројот на жртви на сообраќајниците, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– Денескa, МВР заедно со РСБСП, Факултетот за безбедност и Агенцијата за безбедност на сообраќајот од Република Србија започна со превентивната акција „Вози одморен“ на граничниот премин Табановце.
За нас и за нашите колеги од соседна Србија подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, вклучително и за време на туристичката сезона, е императив. МВР таа посветеност ја демонстрира во изминатите неколку години, кога како резултат на превентивните кампањи и засилените акциски контроли постојано имаме намалување на бројот на жртви на сообраќајниците.
Освен зборови Спасовски ако објави и бројки јавноста ќе има подобра слика за споредби колку нашите сообраќајници станале побезбедни.