Утре во Босна и Херцеговина патува министерот Оливер Спасовски во име на Владата да му оддаде почит на загинатиот македонски претседател Борис Трајковски.
– Утре, во Мостар, Босна и Херцеговина, во име на Владата на РС Македонија ќе положам цвеќе на спомен обележјето на несреќата кај Ротимље, на пригодна државничка церемонија по повод навршувањето на 19 години од трагичната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски, објави Спасовски на својот профил на Фејсбук.