Во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2023, во делот за борба против организираниот криминал, забележан е континуитетот во доброто ниво на оперативна соработка со земјите-членки на ЕУ, соседните земји кои не се членки на ЕУ, Европол и Европравда во текот на извештајниот период, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговата Фејсбук страница.

– С. Македонија. Усвојувањето и спроведувањето на потребната легислатива за регулирање на активноста на Канцеларијата за поврат на имот и зголемување на капацитетот на Националниот координативен центар за борба против организираниот криминал, ќе придонесат да се подобри ефективноста на спроведувањето на законот во борбата против одредени форми на криминал, како што се перењето пари и финансискиот криминал, а координацијата останува клучна, за сите чинители вклучени во борбата против организираниот криминал, се наведува во објавата на социјалната мрежа.

Фото: Фејсбук