Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се јави со свој став во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека Владата е таа која треба да побара пролонгирање на рокот за патните исправи.

Тој во изјава за ТВ21 порача дека сега е време на избори и секој цени дека треба да даде соодветни изјави.

– Јас не би навлегувал во никакви конфронтации. Прво да кажам дека роковите не се утврдуваат на Влада, роковите се утврдуваат со закон. Второ самиот факт кој го изнесе и претседателот дека имаме потреба да се промени законот за лични карти за да се продолжи рокот, апсолутно не е така затоа што законот никогаш не бил сменет за да може да се продолжува рокот, вели Спасовски.

Тој додава дека не треба да се биде под наплив на емоции.