Министерот за внатрешни работи наутро, а попладне функционер во кампања за СДСМ денеска сам се испофали на Фејсбук.
– Верују много у Оливера, затој што е вредан, ако е вредан човек и поштен, све ќе биде, објави Спасовски на својот профил на Фејсбук.
Во прилог објавува и партиско видео за кампањата на локалните избори.
Спасовски е министер, во кој „верују много“, на чело на министерството во чие возило е запленета дрога во Црна Гора, министерството кое издаваше фалсификувани пасоши на светски криминалци, министерството на кое му бегаа дилерите на дрога кои „навреме“ беа известувани за планираните акции итн.