Веста дека Српската православна црква се откажала од устоличување на Јоаникије во манастирот Цетиње, вечерва проструи низ медиумите не само во Србија, туку и во Македонија. СПЦ веднаш ја демантираше веста и соопшти дека станува збор за озлогласена невистина и дезинформација.

Сите архиепископи собрани вечерва во Подгорица, ќе заминат за Цетиње во раните утрински часови, така што неговата светост српскиот патријарх г. Порфириј ќе го устоличи неговото високопреосвештенство владиката за Будва-Никшиќ, г. Јоаникија на престолот на Црногорскиот и приморскиот митрополит, истакнуваат од СПЦ, додавајќи дека тоа е одлука на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква.