Српската православна црква ја демантираше веста за смртта на патријархот Иринеј, наведувајќи дека здравствената состојба на патријархот е непроменета во однос на извештајот објавен утрово.
Српската православна црква го смета за крајно неодговорно и неморално „таквото лажно известување и намерна измама и малтретирање на целата јавност, дури и од одредени црковни личности, како и некои медиуми на кои досега можеше да им се верува“, се вели во соопштението на СПЦ.
Во меѓувреме, некои српски медиуми, меѓу кои и државната агенција Танјуг, попладнево јавија дека здравствената состојба на српскиот патријарх е влошена.