Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец вечерва ги растера демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието на Република Македонија.
Протестот, организиран преку социјалните мрежи, ескалираше откако дел од демонстрантите фрлаа со камења и факели кон полицијата и се обидоа да го пробијат кордонот за да влезат во Собранието, по што припадниците на ЕБР со оклопни возило ја растурија толпата.
Протестот се одржува поради незадоволство од договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство.
Протестот е организиран преку социјални мрежи
Народот пред Собрание е отруен! Солзавец и шок бомби во народот, демонстратите се жалат на проблеми со дишење.
Полицијата со најрепресивни мерки досега спречува протест пред Собранието на Република Македонија. Со солзавци, водени топови, шок бомби удрија по насобраните граѓани, објавуваат учесниците на рпотестот.
Има неколку повредени во демонстрациите што вечерва се случуваат пред Собранието на Македонија. Според последни информации повреден е и новинар кој известувал од настанот.
Интервенираше и Брзата помош. Полицијата употреби десетина шок бомби и солзавец за растурање на демонстрантите.