Со специјална полициска придружба, ротирачки светла, расчистување на патот – македонската полиција ќе го обезбедува конвојот од 40-тина возила со околу 150 Бугари кои би требало на 4 февруари да ја минат границата на Деве Баир. Специјалниот третман ќе трае се до црквата Свети Спас во Скопје, а ќе продолжи за време на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, се до нивното враќање во Бугарија.
Нејзиниот претседател Виктор Стојанов за Алфа ветува дека немале да предизвикаат никакви инциденти, туку дека доаѓаат да изразат, како што велат, „уважение на гробот на заедничкиот револуционер Гоце Делчев“.
Во контакт сме со полицијата во Скопје која ќе укаже на мерки за да нема инциденти и да може се да е планирано и организирано: Полицијата е информирана за бројот на автомобилите и бројот на лицата кои ќе доаѓаат. Како што кажав 150 лица со околу 40 до 30 и неколку возила, нема да има автобуси. Не планираме никакви провокации, сакам пријателски односи со Македонија и македонскиот народ, вели Виктор Стојанов, претседател на Фондација „Македонија“.
Од Министерството за внатрешни работи за Алфа потврдуваат дека ќе има посебен режим за бугарските државјани, согласно Правилникот за обезбедување на личности. Тоа би значело дека тие ќе имаат своеивден ВИП третман – како странските делегации и достоинствениците кои доаѓаат во Македонија.
Согласно Упатството и Правилникот за обезбедување на личности, Министерството за внатрешни работи во рамки на својот делокруг на работење заради оддржување на севкупната безбедносна состојба преку Командно Оперативен Центар ги презема сите потребни мерки и активности со цел обезбедување на делегациите и одржување на севкупната безбедносна состојба, информитаат од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани за достојно чествување и одбележување на Денот на раѓањето на Гоце Делчев.
Виктор Стојанов тврди дека немаат намера да предизвикуваат инциденти, токму неговата контроверзна фондација „Македонија“ во изминатиот период беше главен провокатор промовирајќи ставови дека Македонија е бугарска, дека македонскиот јазик не постои, објавуваа карти од Сан-Стефанска Бугарија каде Македонија и Бугарија се без гранична линија, делеа контроверзни флаери и лепеа плакати со македонското и бугарското знаме претопени заедно на кои пишуваше „Еден народ сме“.
Стојанов и сега продолжи во свој стил, упати и покана до сите државјани на Македонија да дојдат во Софија на честувањето на Цар Самоил, како и чествувањето на Гоце Делчев, следната година да биде во Бугарија.
Сакам да испратам покана до Македонците од Македонија од Скопје и од другите градови да дојдат во Бугарија на чествувањето на Цар Самоил, нашиот општ цар, кога ќе биде чествувањето на Гоце Делчев следната година, Добредојдени сте во Бугарија, во Софија со македонски зна миња на државата Северна Македонија и со почит двата народи да ги испочитуваме нашите општи херои и во Софија, вели Стојанов.
Освен конвојот со бугарски државјани, фондацијата ги кани и сите само-освестени Бугари во Македонија да дојдат кај Калето во сабота во 11 и 30 часот и сите заедно да се упатат спрема црквата Свети Спас.