Лево е стариот маблем на специјалната единица Тигри, а десно е новиот од кој е исфрлено името Република Македонија.
Инаку, денеска „тигрите“ стоеја мирно и пред Артан Груби, кој изјави дека при нивното постројување по повод годишнината од формирањето, таму бил од почит.
Другата опција е дека таму бил за специјалците да стојат мирно пред него и со тоа уште еднаш да се манифестира кој е кој во оваа држава.
А македонските специјалци, од било која единица, одамна се виде, се само мачиња способни да се справуваат со карневали во Вевчани, евентуално да истепаат некој старец и да стојат мирно пред Артан Груби, се разбира.