Премиерот на Грција Алексис Ципрас денеска имаше и специјална средба со осумтемина исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за промена на Уставот на Република Македонија и смена на уставното име на државата.
Пратеникот Крсто Мукоски, кој во Собранието од говорницата ја пееше химната „Денес над Македонија се раѓа…“ цврсто му стегна рака на грчкиот премиер, кој пак им се заблагодари за нивните гласови за промена на името на Република Македонија.
Покрај Мукоски, на Ципрас му стиснаа рака и претаениците Владанка Авировиќ, Нора Исмаиловска-Старова, Крсте Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Зекир Рамчиловиќ, Елизабета Канческа-Милевска и Емилија Александрова.
Ципрас од името на Грција им се заблагодари на сите.