Опасниот француски гангстер денеска извршил спектакуларно филмско бегство од еден затвор во Париз користејќи хеликоптер.
Застворските скужбеници потврдиле дека имало „драматично бегство“ велејќи дека долгогодишниот ограбувач Редоин Фаид (46), кој претходно бил прогласен за најбаран француски човек, повторно е на слобода.
Според француските медиуми, бегството се случило додека Фаид бил во собата за посети на затворот Реу околу 11.30 часот. Тројца „добро истренирани и до заби вооружени“ мажи дошле таму користејќи чад и успеале него да го извлечат и да го стават во хеликоптер паркиран во затворскиот двор.
Инаку, во тој затворски двор затворениците не одат, па затоа таму и немало обезбедување. Во акцијата немало повредени.
Хеликоптерот го управувал пилот кој бил киднапиран, потоа летал околу 45 километри, каде се спуштил, а групата продолжила во црн „рено“.
Голема полициска потера се одвива во моментов, соопшти Министерството за внатрешни работи, кого Фаид го опишува како „опасен“.
Тој побегнал од затвор во 2013 година, но бил фатен по шест недели. Во 2017 Фаид е осуден еднаш 10 години за претходното бегство од затвор, и плус 18 години за напад на комбе со оружје, а годинава заработил уште 25 години за убиство на полицајка при обид за вооружен грабеж во 2010.
Тој во едно ТВ интервју рекол дека инспирација за своите грабежи ја нашол во филмот на Ал Пачино и Роберт Де Ниро „Вжештување“.