Американското списание Covert Action Magazine, кое ги следи американските разузнавачки операции низ светот, објави текст за тн. шарена револуција во Македонија и за принудното менување на името на Македонија.
Текстот е на авторот Бил Николов, кој е претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада, и во него се опишува како САД ја сменија власта во Македонија со цел да го сменат името на државата и да ја внесат земјата во НАТО.
Во случајот на Македонија, САД решија дека нивен приоритет е да го прошират членството во НАТО по секоја цена и затоа тие застанаа на страната на Грција и ја поддржаа нејзината отворена и бесрамна кампања за културолошки геноцид врз Македонците, пишува авторот.
Бугарија го следеше „успехот“ на Грција, по што и таа реши да ја засили својата сопствена кампања на вршење културолошки геноцид врз Македонците, и најави дека ќе стави вето на кандидатурата на Македонија за членство во Европската Унија, која ни е наметната од Западот, пишува Николов во текстот објавен во Covert Action Magazine.
Како реагираат САД, НАТО и ЕУ на ова? Тие ја повикуваат (читај: и се закануваат) на Македонија да постигне „компромис“, пишува Николов.
Целата статија може да ја прочитате ТУКА.