Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ
Партиските мегафони на власта по налог на Мила Царовска свесно ги манипулираат наставниците мислејќи дека така ќе ги придобијат на нивна страна за претстојните избори.
Ајде министерке,
Веднаш исплатете им ги на наставниците платите по Колективен договор!
Зошто како министерка го блокирате покачувањето на платите на наставниците?
За сите наставници сакаме да бидеме јасни и конкретни, ВМРО-ДПМНЕ уште сега е за покачување на платите и бараме веднаш тоа да се реализира затоа што тоа се пари од наставниците кои власта ги краде!
Сите овие 4 години додека СДСМ е на власт по коефициент 2,5 наставникот требаше да зема плата од 37.500 денари.
Наставник приправник по коефициент 2,3 плата од 34.500 денари.
Министерке зошто не го почитувате и спроведувате потпишаниот Колективен договор кој е на сила?
Кој е сега против зголемување на платите?
СДСМ и Царовска се против тоа на наставниците и стручните соработници да им се обезбедува постојан раст на платите и подобар статус.