Синдикатот пресмета дека на едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари за минимални месечни трошоци, од кои 19.206 денари се трошат за храна и пијалаци, а 13.313 денари за режиски трошоци.
Цените на храната не се намалуваат и покрај сите мерки на Владата за заштита на животниот стандард на населението. Граѓаните реагираат дека платите и пензиите не се зголемуваат со исто темпо како цените на храната. Ова го потврдуваат и експертите кој велат дека растат платите, но цените растат уште повеќе и куповната моќ на реалната плата е намалена за 5 отсто.
Трошоците за живот за една година пораснале за 17,1 отсто. Според статистиката најголемо поскапување има кај храната од 25.1 отсто, а цените се повисоки кај буквално сите производи. Лебот е поскапен за 39,1 отсто, месото за 28,3 отсто, млекото, сирењето и јајцата за 36,2 отсто, маслото за јадење за 18,4 отсто, овошјето за 11,4 отсто, жестоките пијалаци за 9,2 отсто…