Ова е структурата на минималната синдикална кошничка со трошоците за четиричлено семејство во текот на еден месец. Таа изнесува 39 710 денари и е за 5 500 денари повисока отколку пред една година.

Но, сами можете да вдиите дали е тоа доволно. Така на пример, за храна се пресметани 17 613 денари или близу 600 денари на ден, односно 150 денари по човек. Дали е тоа доволно? Сами си знаете!

За домување во кое веројатно спаѓаат сметките и други слични трошоци се пресметани 11 000 денари, што кај многу семејства можебие в ред во текот на летото, но зимно време?

За хигиена четричлено смеејство има на рапсолгање 90 денари на ден, а за култура 30 денари. Ставката одржување на здравје каде се се пресметани бизу 800 денари месечно или 26 денари на ден, можеби е најсмешна, бидеќи само за лекови илјадници семејства трошат мноу повеќе.