Властите на Гвајана вчера запленија над четири тони кокаин со вредност од 200 милиони долари, наменет за Европа Дрогата била пронајдена во подземни дупки во западниот дел на земјата, близу границата со Венецуела, изјави Џејмс Синг, шеф на одделот за борба против дрога во гвајанската царинска служба.

Синг објасни дека наркотрговците ја скриле дрогата во ископани дупки, кои ги покриле со даски.

Засега, никој не е уапсен во врска со пронајдените наркотици.

Во март, гвајанските власти запленија половина тон кокаин и уапсија двајца Венецуелци кои го пренесувале наркотикот.

фото:архива/илустрација