Царинските власти запленија стотици илјади млади јагули на аеродромот Шипхол во близина на Амстердам, соопшти Холандската служба за заштита на храна и потрошувачи.
Двајца мажи и една жена од Малезија, кои патувале од Португалија до Малезија, носеле стотици илјади млади јагули во осум еднакви големи црвени куфери кои го привлекле вниманието на чуварите на аеродромот.
„Во куферите имаше вреќички со вода и млади јагули. Инспекторите на Службата за заштита на храна и потрошувачи пронајдоа 105 килограми, тоа се околу 300.000 јагули“, се вели во соопштението на властите.
Тројцата осомничени се уапсенÐ ¸ и приведени, а запленетите јагули ќе бидат пуштени во холандските води.
Јагулата е заштитен вид и нејзиниот извоз е строго регулиран. Во 2010 година, Европската унија забрани секаков извоз на јагула надвор од нејзините граници.
Намалувањето на популацијата на јагулите и усвојувањето мерки за нејзина заштита го поттикнаа шверцот и појавата на црн пазар кој носи поголема заработувачка отколку трговијата со дрога, луѓе и оружје.
Годишната вредност на илегалната трговија со млади јагули од Европа во Азија се проценува на три милијарди евра.