Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изрази жалење поради неуспехот да се заштитат домовите за стари лица од коронавирусот и големиот број смртни случаи.– Веројатно мислевме дека нашето општество кое живее одвоено според возраст ќе ни овозможи да избегнеме ситуација како во Италија, каде што различни генерации честопати живеат заедно, но тоа се покажа како неточно, рече Тегнел, кој е епидемиолог во шведската Агенција за јавно здравје.

Според него, стапката на смртност во Шведска требаше да се избегне.

Шведска спроведе поблаг пристап во борбата против вирусот во однос на другите држави.

Епидемиологот сепак смета дека шведскиот здравствен систем успеал да се справи со пандемијата.

Жителите на Шведска се повикуваат да избегнуваат патувања, да одржуваат физичка дистанца и да останат дома доколку се постари или имаат поблаги симптоми. Јавните собири се ограничени на 50 луѓе.

Агенцијата во средата објави дека регистрирала околу 62,3 илјади случаи на инфекција, со 5,2 илјади смртни случаи.