Во Србија денеска пристигна авионот со еден милион кинески вакцини. Авионот го пречека лично претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој не пропушта вакви прилики, но тешко и дека може да се му се замери кога ниту една друга земја не добила ваков контингент со вакцини од Кина каде епидемијата веќе и не постои.
Покрај Вучиќ, на аеродромот беа и министерот за здравство на Србија, Лончар, шефот на БИА, Братислав Гаѓиќ, иако не е јасно што тој бара таму, како и кинеската амбасадорка Чен Бо.
Вакцините се транспортраини во 10 контејнери а еден контејнер содржи 125 000 вакцини.
Вучиќ истакна дека деновиве очекува и 20 000 вакцини на Гајзер, а во вторник треба да стигат 250 000 од руските вакцини Спутник.
Парелелно, се пофали дека преговара за 435 000 дози од вакцините Астро Зенека.
Вучиќ изјави и дека за неколку дена тој ќе се вакцинира со кинеската вакцина.