Вакцинацијата против Ковид-19 денеска почнува во Србија и ќе се одвива на повеќе од 30 локации, и околу 110 пунктови за вакцинација, јави Радио Телевизија Србија.
Во Србија вчера пристигнаа 19.500 вакцини на Фајзер и БиоНтек против новиот коронавирус, што е втор контингент откако на 22 декември минатата година беа набавени 4.875 дози од вакцината.
Како што претходно изјави државниот секретар Мирсад Ѓерлек, околу 8.500 здравствени работници и 2.500 лица во геронтолошки центри треба да бидат вакцинирани до крајот на неделава.
Ѓерлек исто така најави дека во јануари во Србија ќе пристигнат 80.000 дози вакцината на компанијата Фајзер, и се очекуваат големи количини вакцини од Русија и од Кина.