Сероепидемиолошкото тестирање спроведено од Институтот за јавно здравје на ФБиХ и Институтот за трансфузиона медицина на ФБиХ откри дека 19,1 процент од возрасните во Сараевскиот кантон биле заразени со коронавирусот.

Врз основа на резултатите од тестот на 1.015 лица на возраст од 18 до 65 години, кои дарувале крв во периодот од 2 ноември до 7 декември, укажано е за  процентот на луѓе кои биле заразени со вирусот, јавија сараевски медиуми.

Според структурата на возраста, лицата на возраст од 18-29 години учествуваат со 33,6 проценти од заразените, лица на возраст од 30 до 39 година 31,5 проценти, лица на возраст од 40-49 години 20,3 проценти, лица на возраст од 50 до 59 години 11,4 проценти и 60-65 години 3,2 проценти.

Машките испитаници се 73,9 проценти од заразените, а жените – 26,1 процент.

Резултатите од тестот покажуваат разлика во бројот на пријавени случаи на коронавирус, врз основа на резултатите од PCR-тестирањето и луѓето кои имаат антитела кон САРС-CoV-2, што укажува на значителен удел на асимптоматски случаи, како и симптоматски случаи кои не барале медицински третман.