Поранешната репрезентативка на Русија во биатлон, Екатерина Авакумова по вторпат за две години си го менува државјанството. Oткако лани на Зимските олимписки игри настапи во дрес на Јужна Кореја, сега ќе ја претставува Србија.

На Авакумова не ѝ се допаѓал животот во Кореја, па откако ѝ помина меракот да учествува на Олимписките игри во таа азиска земја, сега реши да си замине. Сепак, таа нема намера да се врати во родната Русија, туку ќе стане натурализирана Србинка.

Авакумова сега чека разгледување барање и добивање дозвола од Интернационалната биатлон да си го смени државјанството, по што би добила „зелено светло“ да учествува како репрезентативка на нашиот северен сосед.