Дебито на Стефано Пиоли, како тренер на фудбалскиот клуб Милан, ќе биде „збогатено“ со протести на „росонерите“, на кои не им се допаѓа изборот на нов шеф на стручниот штаб.

Милан вечерва на „Сан Сиро“ го пречекува Лече, со надеж дека работите ќе тргнат на добро, откако тимот загуби четири меча во првите седум кола во Серија А. Новиот тренер Пиоли мора веднаш да придонесе за екипата да освојува бодови, но нема да му биде лесно, особено голем е притисокот од фановите.

На навивачите не им се допадна што Пиоли е именуван за тренер, бидејќи го сметаат за човек на градскиот ривал Интер. На Пиоли денеска му е роденден, но тоа нема да ги спречи најекстремните навивачи да протестираат против него и управата која го донесе за тренер. ј