Според студијата на Институтот за медицински истражувања, една петтина од вакцинираните со кинеската вакцина Синофарм во Србија го немаат очекуваниот резултат на вакцинација, а тие се претежно постари од 70 години.
Студијата која од февруари ја спродува научен тим од Центарот за медицински истражувања во Белград, покажува дека 20 отсто од ревакцинираните со „Синофарм“ вакцината во Србија не развиле антителата коронавирусот.
Докторите од Институтот сега се прашуваат како вторите ќе се заштитат од заразата и кога ќе добијат следна вакцина на која организмот би требало да реагира.
Многу ни е тешко да им објасниме дека сѐ уште не постои можност да добијат некоја друга вакцина, а тука е и делот од граѓаните кои работат на такви работни места, па постојано се во контакт со луѓе и стравуваат од заразата, вели доктор Олгица Ѓурковиќ Ѓаковиќ, научен советник на Институтот.
Се очекува во Србија во еден момент со Синофарм да бидат вакцинирани повеќе од милион и 700 илјади луѓе.