Најмалку двајца работници се повредени утрово во експлозија во фабрика за вода во српскиот град Зрењанин, јавија локални медиуми.
Повредените се пренесени во болницата во Зрењанин, каде им била укажана помош.
Експлозијата била предизвикана најверојатно од истекување хлор од уредот за дозирање. Истекувањето веднаш е запрено.