Фатма Ајкуз на 116 годишна возраст од турската провинција Артвин се опорави по инфекцијата со коронавирус, без да се лекува во болница.

Старицата, како што пренесе ТВ Канал 5, откако поминала одредено време со децата во провинцијата Бурса, се разболела по враќањето во селото Артвин.

Кога состојбата и се влошила, побарала медицинска помош и била хоспитализирана и препишале терапија.

– Бев в болница еден ден. Не можев да останам во болницата, сакав да си одам дома. Децата се грижеа за мене и му благодарам на Бога што оздравев, вели старицата.

Нејзината ќерка Сенгул Атун вели дека биле многу среќни што нејзината мајка закрепнала од болеста.

Атун ги повика луѓето да се придржуваат до мерките, да одржуваат хигиена и да носат маски за да се заштитат од вирусот.