Србија ја обвини Хрватска дека не ја почитува Спогодбата за сукцесија на СФРЈ и со парламентарна одлука сега ќе присвои имот на компании од бившата федерација вреден повеќе од 3 милијарди евра. Српски „Блиц“ пишувајќи за темата не исклучува дека Белград, откако несупешно води случаи пред Судот во Стразбур, прашањето ќе го префрли пред ОН, согласно заедничкиот договор потпишан пред повеќе од 15 години во Виена.
„Земавме кредити, градевме хотели на хрватско приморје. Сега таму е наш имот чија пазарна вредност е 35 милиони евра, но со него не располагаме. И никому ништо, и покрај тоа што имаме доказ за сопствеништво – изјавил за „Блиц“ Радомир Подиниќ, претседател на Надзорниот одбор на „Младост турсит“ од Белград.
Слична судбина доживеале уште најмалку 180 компании и банки, сите тие имаат имот стекнат во време додека постоеше југословенската федерација, но не можат да владеат со него. Според некои проценки тој имот е вреден 3 милијарди евра.
Но ова прашање е само едно кое и покрај распадот на Југославија не е решено. На пример воопшто не е разговарао за поделбата на имотот на јусловенската народна армија, ЈНА, или пак за архивите, како и за имотот на компании како „Младост турсит“. Некои фирми тоа прашање го решија со билатерални договори, но не сите успеаа да најдат решение за проблемот со користење на имотот, на земјиште или на складишта, на пример.
Според уредбата која ја усвои хрватскиот Сабор, имотот на компаниите од поранешна Југославија со кои Загреб нема потпишано билатерален договор, и кој е во општетсвена сопственост, ќе може да им биде даден на други во период од 30 години. Тоа според толкување на српската страна, ќе значи дека тој имот ќе може да бде откупен.
Вељко Одаловиќ, генерален секретар на Министерството за надворешни работи истакнува дека државата направила се што било до неа и оти не останува ништо друго туку да се обрати до ОН кои се гарант на Спогодбата за сукцесија.
На удар на новиот хрватски закон ќе се најдат одморалишта, деловни простории и станови на најмалку 180 српски претпријатија, а меѓу нив некои звучни и познати од југословенско време, како на пример:НИС, ГЕНЕКС, Цептер, Тигар, Политика…