Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека производството на вакцината „Спутник V“ во Институтот за вирусологогија „Торлак“ започнува попладнево во 17.30 часот.
Вучиќ и претседателот на Русија Владимир Путин виртуелно ќе присуствуваат на изработката на првата вакцина, откако синоќа во Белград со авион од Русија стигнаат компонентите за правење на вакцината.
Планот е да се произведат четири милиони вакцини „Спутник V“ во првиот период од четири до шест месеци.
На 19 мај, рускиот национален Институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена во „Торлак“ и одобри вакцината „Спутник V“ да се произведува во овој српски институт. Од денеска во Србија ќе стане првата земја во Европа што ќе произведува вакцина.