Србија која забележа раст од 15,2% е на првото место на листата што ја објави World of Statistics.
Српските медиуми денеска се пофалија со една надежна вест – Србија има најголем раст на платите во светот, во изминатите пет месеци. Веста се базира на податоците од World of Statistics и листата на земји со најголеми зголемувања на платите од декември минатата година.
Србија, која забележа раст од 15,2%, е на првото место на листата, а зад неа, во Топ 5, се Босна и Херцеговина, Португалија, Белорусија и Романија.
Македонија, на листата на World of Statistics, е во долната „црвена зона“ со пад на просечната плата во последните пет месеци од -2,8%.
Еве ја целата листа:
Раст на плати и инфлација (цени на храна):
🇷🇸 Србија: 15,2%; 23,1%
🇧🇦 БиХ: 14,86%; 19%
🇵🇹 Португалија: 14,2%; 15,41%
🇧🇾 Белорусија: 13,2%; 6,1%
🇷🇴 Румунија: 13%; 19,84%
🇵🇱 Полска: 12,6%; 19,7%
🇭🇷 Хрватска: 11,8%; 15,8%
🇸🇮 Словенија: 10,66%; 15,75%
🇧🇪 Белгија: 10,2%; 16,64%
🇪🇪 Естонија: 9,2%; 23,4%
🇦🇷 Аргентина: 7,88%; 115%
🇺🇸 САД: 7,04%; 7,7%
🇨🇾 Кипар: 5,9%; 6,7%
🇬🇧 УК: 5,8%; 19,1%
🇫🇮 Финска: 5,7%; 13,7%
🇳🇱 Холандија: 5,67%; 15,6%
🇪🇸 Шпанија: 4,72%; 12,9%
🇳🇴 Норвешка: 4,46%; 10,55%
🇦🇺 Аустралија: 3,3%; н/а%
🇸🇪 Шведска: 2,4%; 16,86%
🇮🇹 Италија: 2,2%; 12,1%
🇷🇺 Русија: 2%; -0,01%
🇨🇦 Канада: 1,8%; 8,3%
🇨🇭 Швајцарија: 1,1%; 5,4%
🇯🇵 Јапонија: 0,8%; 7,8%
🇫🇷 Франција: 0,2%; 14,9%
🇮🇸 Исланд: -0,3%; 12,5%
🇲🇰 Македонија: -2,8%; 9,6%
🇩🇪 Германија: -3,7%; 16,8%
🇨🇿 Чешка: -6,7%; 17,3%
🇸🇰 Словачка: -7,6%; 25,4%