Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска и утре престојува во Унгарија по повод Националниот ден на Унгарија и отворањето на Светското првенство во атлетика – Будимпешта 2023 година.

Како што соопштија од кабинетот на Вучиќ, тој денеска во Сант’Андреха ќе се сретне со будимскиот бискуп Лукијан, кој ќе му го врачи Орденот на Будимската епархија од прв ред.

Вучиќ во Унгарија ќе има одвоени средби со претседателот и со премиерот Каталин Новак и Виктор Орбан, како и со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.