Градоначалниците на четирите општини, со мнозинско српско население, советници, српски пратеници во Косовското собрание, судии, обвинители како и припадници на Косовската полиција од северно Косово ги напушија институциите каде што работат.

Причина за тоа како што соопштија се последните потези на Приштина. Група полицајци симболично ги соблекоа униформите. Одлуката беше проследена со аплауз, за која што Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, изјави дека била едногласно донесена на денешниот состанок во Звечан.

„Ние Србите од Косово и Метохија не се закануваме никому, туку се трудиме да ги зачуваме мирот и стабилноста, како и нашето право на достоинствен и мирен престој и опстанок во нашите огништа. Затоа бараме Приштина веднаш почна да го почитува меѓународното право и сите договори склучени во дијалогот меѓу Белград и Приштина, а кои беа гарантирани од самата ЕУ“, рече Ракиќ.

По средбата Ракиќ си поднесе оставка од функцијата министер во владата во Приштина. Одлуките остануваат во сила додека Приштина не почне да ги почитува договорите и меѓународното јавно право, вклучително и додека не ја повлече едностраната одлука за пререгистрација на регистарските таблички и не формира Заедница на српски општини. Не изостана ниту реакцијата од шефот на кабинетот на Претседателството во Приштина, Бљерим Веља, кој одлуката ја спореди со чинот на поттикнување на Русија во Донбас во 2014 година. дестабилизација. Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил во телефонски разговор со Вучиќ попладнево побарал Србија да се однесува одговорно и да ни ги загрозува регионалниот мир и стабилност.