Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, денес со секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, информираат од партијата.

На средбата се разговарало за актуелните случувања и предизвици важни за државата.

Како акутен проблем од страна на Мицкоски биле посочен високиот степен на корупција и криминал присутна во највисоките структури на власта.

Мицкоски ја посочил и злоупотребата на европското знаменце како што е законот со кој се дозволува извоз на цвет од марихуана каде се штити директно бизнис интереси на врвот на власта.

Тој за спорот со источниот сосед ја истакнал потребата за прифаќање на резолуцијата која е во собраниска процедура и која ги содржи црвените линии во насока на заштита на идентитетот, јазикот и историјата.

Мицкоски ја истакнал потребата за реформи во повеќе области, како и проблемите поврзани со економијата, како што е невработеноста, растечката сиромаштија и рушење на стандардот.

Соговорниците ја потврдиле заложбата за развивање на соработката и посветеноста кон реализација на стратешките интереси, с евели во информацијата од партијата.

Од својата страна, Брнз претходно на Твитер објави дека се сретнала со Мицкоски и го брифирала за неодамнешната извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден.