Постигнат договор во делот на учебниците, но сеуште има многу за да се дојде до суштински договор. Историчарите од Македонија и Бугарија не успеале во овие два дена да најдат заедничко решение и на прашањето за Гоце Делчев, соопшти копретседателот на Македонско- бугарската комисија Драги Ѓорѓиев на заедничката прес-конференција во Скопје со бугарскиот колега Ангел Димитров.
По дводневните разговори на комисијата, Ѓорѓиев рече и оти се надева дека во иднина ќе може да се дојде до поконкретни преговори.

Ангел Димитров рече дека преговори водат политичарите а дека сега се водела научна дискусија за историјата.

До крајот на годината ќе има уште една средба на Комисијата, најави Димитров, зашто има уште многу елементи за кои што треба да стане збор. Димитров рече и дека е направен чекор напред во врска со празнувањето на 24 Мај. Денот на сесловенските просветители, празникот што неодамна Бугарија го нарече бугарски.

„Мораше да се утврди натамошната динамика на Комисијата. Договорено е до крајот на оваа година да има уште една средба и за следната година договорени се уште пет среби доколку дозволи ситуацијата околу ковид вирусот“, појасни Ѓорѓиев.

„Има мали стапки поместување на напред и за мене тоа е важно во моментов. Процесот на разговори продолжува и понатаму, со сите тешкотии и сите чувствителни теми кои се на маса. Молам за трпение и поголема ематија и кон нас и кон колегите од Бугарија, за да можат прашањата да бидат дискутирани со што помалку емоции и тензии. Само на тој начин можат да се надминат работите. Два дена имаше напорни дискусии. Договорено е до крајот на годината да има уште една средба, а догодина уште пет. Во текот на овие два дена, имаше дискусии за учебниците за 6 клас во бугарскиот образовен систем и дискусија за Гоце Делчев. Постигнавме суштински напредок и остваривме една препорака во однос на учебниците“ – изјави Ѓоргиев, но не соопшти за какви идеи станува збор.

Димитров средбите ги опиша со метафора „облачно со многу дожд и по малку сонце“. Сепак рече дека за Делчев ќе се дискутира и понатаму. Според Димитров немало време ниту можност да се направи напредок за Гоце Делчев. Бугарските историчари, како што рече, имале 14 забелешки за македонските учебници.

„За жал, немавме ниту време нити можност да постигнеме нешто за Гоце Делчев“, рече Димитров.

Додаде дека тие како историчари не се занимаваат со јазикот. Вели дека историчарите треба да бидат повеќе историчари, а помалку политичари.

„Ништо ново, нема сензации, тоа што досега го разговаравме. За жал, немавме време, иту моност да постигнеме нешто понапред заа Гоце Делчев.“ – рече Димитров.