Ппретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева оствари средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Мицкоски ја истакна загриженоста за европската интеграција на Македонија и побара да се отворат преговорите без условувања.
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кој не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори кои се на штета на македонскиот народ и неговиот идентитет . Оваа влада нема легитимитет да преговара и да ги нарушува македонските преговарачки позиции.
Мицкоски порача Бугарија да го тргне ветото без одложување и пристапните преговори да започнат што поскоро низ призма на европските вредности и критериуми.