Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, остварил средба со д-р Аким Али, претставник на Светската здравствена организација и раководител на Канцеларијата на СЗО во Македонија.
На средбата, како што информира Перински, било разговарано за состојбите во здравствениот систем, актуелните предизвици, но и за можностите за конкретни подобрувања.
-Остварив средба со д-р Аким Али, претставник на Светската здравствена организација и раководител на Канцеларијата на СЗО во Македонија.
Разговаравме отворено за состојбите во здравствениот систем, предизвиците со кои се соочуваме, но пред се за областите во кои можеме да направиме конкретен исчекор.
СЗО е важен партнер на нашата држава во здравствените реформи.
За Фондот ваквата соработка е особено значајна затоа што ни овозможува искуствата и добрите меѓународни практики да ги преточиме во решенија што одговараат на реалните потреби на нашиот здравствен систем, пишува Перински на Фејсбук.




