Премиерот на Унгарија Виктор Орбан се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е во посета на Австрија и на Унгарија.
Според агендата, Мицкоски денеска и утре ќе престојува во Виена, Австрија и во Будимпешта, Унгарија.
За средбата јавува и весникот „Hungary journal“.
На средбата се разговарало за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на меѓу партиите за правците на понатамошно дејствување во пресрет на претстојниот конгрес на Европската народна партија и изборот на новото раководство.