Бизнисменот Биг Мајк, еден од најуспешните претприемачи во индустријата за канабисот во светот, вчера се сретнал со премиерот Зоран Заев во Владата.
Тој пристигна во Македонија со приватен авион, а од аеродромот кон Скопје беше придружуван од полицикско возило, како специјален гостин на премиерот.
Биг Мајк на својот Инстаграм профил објави фотографии од средбата со премиерот Заев. Тој напиша дека земјава има голем потенцијал и ќе може да ја направи Македонија најголем производител на марихуана. Најави големи случувања…