Средно училиште во градот Ханжу во провинцијата Жејианг во Кина им предлага на своите учители кои се уште немаат семејство или немаат деца, да земат дополнителен одмор што ќе биде „од посебно значење за тие луѓе“.
Таму работат 124 наставници од кои 40 отсто не се во брак. Тие ќе имаат право на два полудневни „романтички одмори“ секој месец, но ако си ги завршат обврските кон работата.
– Потегот е преземен по барање на младите наставници, вели член на Синдикатот.
Училиштето предвидува и ист таков „родителски одмор“ за наставниците кои имаат деца.
Централната влада објави план за зголемен квалитет на предавањата и професионалната етика во јануари минатата година. Поради тоа преземени се голем број мерки за подобрување на социјалниот и економски статис на наставниците. Целта е да се подготват милиони „педагошки образовани наставници“ до 2035 година.