Добиваме информации од страна на нашите соученици и родители дека ни е намалено поведението затоа што бојкотиравме, информираат од Средношколски глас.

Еве што истакнаа тие: 

-Стоиме позади вас и нашите родители како Средношколски глас!

-Стоиме на располагање за сите кои сакаат јавно да го споделат проблемот!

-Ова е срамно и за секаква осуда!

-Ние нема да преќутиме! Заедно со нашите родители ќе се бориме до крај!

-Министерке, уште еднаш покажавте дека вашата фин(ск)а страна е совршена само кога ќе се упалат камерите и ќе се пуштат микрофоните!