Британски научници утврдиле дека придржувањето кон режим на исхрана со многу овошје, зеленчук, јаткасти плодови, зрнеста храна и риба, може да ја намали загубата на коскена маса за само 12 месеци.
Резултатите произлегуваат од долгорочно клиничко испитување на ефектите од средноземноморската диета врз коските, направено врз возрасни луѓе во Европа.
Специјалистите ја измериле коскената маса кај доброволци, околу 1000 луѓе, на возраст од 65 до 79 години, пред истражувањето кое траело 12 месеци. Тие биле поделени во две групи, од кои едната се хранела слободно, а другата била под режим.
Резултатите покажале дека диетата нема влијание врз учесниците со здрави коски. Кај заболените од остеопороза, диетата придонела да се зголеми коснекната маса кај бедрената коска која е посебно чувствителна.