Дали познаете личност која постојано живее во страв од тешка и сериозна болест?  Постојано бара помош од лекар и се консултира за речиси секоја болка?

Погодувате, станува збор за хипохондрија – пореметување кај кое едно лице е целосно преокупирано со страв од тешка и сериозна болест.

Најчести симптоми на хипохондријата се:

– прекумерен страв или загриженост дека одредена болест е присутна

-загриженост дека и малите симптоми укажуваат на сериозна болест

– чести посети на лекар за консултации за одредени симптоми

–  неприродни социјални односи

-опсесивно читање на теми за здравје

-емоционален стрес

-честа анксиозност и проверување на телесните симптоми

– често проверување на пулсот или крвниот притисок

– увереност дека имате болест откако ќе прочитате или слушнете за неа

– избегнување на „ризични” ситуации, како што е престој во болница

-неверување на лекарски наод.