Сајси MC, српската хип-хоп/треш дива, на 21 јули ќе настапи на првото издание на Бич филм фестивал на плажата Оревче, Охрид, во соработка со „Блендер“.
Ивана Рашиќ или попозната како Сајси МС е српска хип-хоп уметница. Со музика се занимава од 2002 година, а својот прв албум “Далеку е Дизни“ објавен во 2010 година. Но нејзината популарност се зголемува со соработката со диџејот БКО и Тијана Ранчиќ.
Сајси МС и диџеј БКО веќе работат на нов материјал од кој веќе се појавија сингловите „Знам што сакате“, „Клап клап“ и „Поп поп“ кои треба да се најдат на албумот „Работа, работа и само блеја“.
Настапот на Сајсиi MC, познатата треш/поп балканска кралица е резултат на соработката помеѓу „Бич филм фестивал“ и „Блендер“, фестивалот за децентрализирана култура, кој се труди да ги поттикне и поддржи индивидуалците и организациите во промовирањето на културата и уметноста во балканските мултиетнички општества, меѓу кои и Македонија.
Пред настапот, ќе има проекција на два кратки и еден игран филм од официјалната програма на фестивалот „Бич филм фестивал“.
Блендер во рамкиоте на овој фестивал ќе се претстави и со проекција на филмови од раната германска филмска продукција, односно со филмот „М-град бара убиец“ од 1931 година во режија на Фриц Ланг, како и блок анимирани авангардни филмови во Германија во 1920-тите и 1930-тите. Овие настани се поддржани од Министерство за култура на Република Македонија и Гете институт-Скопје.