Од утрово се предадени околу 1.500 парчиња оружје, 50.000 куршуми, повеќе од 100 бомби, минофрлачи и друго оружје, соопшти МВР на Србија.
„Ова е повеќе нелегално оружје отколку што беше предадено во текот на целата претходна кампања“, се вели во соопштението.
„Граѓаните кои поседуваат нерегистрирано оружје од денеска до 8 јуни можат да го предадат во која било полициска станица, за што нема кривично да одговараат и да сносат никакви последици. Граѓаните кои во тој период ќе предадат нерегистрирано оружје нема да мора да го докажуваат своето потекло, а во полиција може да го оставаат секој ден од 7 до 19 часот“, соопшти претходно денеска МВР на Србија.
Србија ја покрена акцијата за предавање на нелегалното оружје по двете масовни убиства што се случија во селата кај Младеновац и Смедерево, како и во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.