Русија го интензивира гранатирањето на Бахмут со надеж дека ќе го освои до утре (вторник), изјави Олександр Сирски, висок украински генерал задолжен за одбраната на градот додавајќи дека ќе стори сè за да го спречи тоа.

Тој посочи дека руските сили го зголемиле интензитетот на гранатирање на градот со тешко вооружување, дека почнале да користат понапредна опрема и дека ги прегрупираат војниците.

„Денес, важно е да се донесат одлуки што е можно побргу и да се предвидат акциите на непријателот“, рече Сирски на својот профил на „Телеграм“.

„Русите сè уште се надеваат дека ќе го освојат градот до 9 мај. Наша задача е да го спречиме тоа“, рече тој.

9 мај е празникот на Денот на победата во Русија кога се слави победата над нацистичка Германија.