Илјадници граѓани на Србија денеска излегоа на улиците низ Белград, Нови Сад и неколку други поголеми градови, за да го искажат својот револт по двете трагедии што ја погодија земјата на 3 и 4 мај.

Маршот во Белград започна пред парламентот, по што толпата продолжи кон зградата на Владата. Се бараат оставки од министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и директорот на Безбедносно информативната агенција Александар Вулин, како и одземање на националните фреквенции на телевизиите „Пинк“ и „Хепи“.

Главниот протест е во Белград, тој се одвива во мирна атмосфера и е масовен, на него според организаторите има околу 50 илјади луѓе.